Достапни линкови

Побарани уште 30 дена притвор за Катица Јанева


Обвинителството за организиран криминал и корупција поднело барање за продолжување на притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, потврдија за МИА од ЈОРСМ. 30-дневниот притвор на Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет, и истекува в петок. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, пак, вчера до Судот поднесе барање за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка.

„Оптпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот“, изјави Фрчковска.

Таа посочи дека бараат Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот. Сегашната мерка притвор на Катица Јанева и беше изречена по три основи – опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.

XS
SM
MD
LG