Достапни линкови

САД идентификувале локации во Иран за нападот врз Саудиска Арабија


сателитска снимка од саудиските нафтени постројки

Соединетите држави ги идентификувале локациите во Иран од каде што биле лансирани дроновите и крстосувачките ракети врз клучните саудиски нафтени инсталации, изјави анонимен американски официјален претставник. Според Си Би Ес Њуз, локациите биле во јужен Иран и на северниот врв на Зливот. Саудиската противвоздушна одбрана не ги запрела дроновите и ракетите во саботата, бидејќи нејзиниот одбранбен систем бил свртен кон југ за да спречи евентуални напади од Јемен, рекол претставникот.

XS
SM
MD
LG