Настаните на денот низ фотографии - 13 август 2019 година.
Гори Рекет, гори Сибир, гори Хонг Конг...
9
РУСИЈА - Еколошката група Гринпис соопшти дека блаците чад од катастрофалниот пожар во Сибир покриваат над 5 милиони квадратни километри што е повеќе од големината на ЕУ. Според гринпис, над 50 мегатони јаглерод диоксид беа ослободени во јуни и 79 мегатони јаглерод диоксид во јули - што е еднакво на издувните гасови од 36 милиони автомобили. Изгореле повеќе од 13,1 милиони хектари, вклучително и 4,3 милиони хектари тајга во Сибир. Од Гринпис велат дека огромните огнови даваат огромен придонес за климатските промени бидејќи милиони луѓе го дишат чадот, а дивите животни го губат живеалиштето.