Достапни линкови

Трамп: американски воен брод собори ирански дрон


Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека американски воен брод вчера уништил ирански дрон во Ормутскиот теснец, во време на зголемени тензии меѓу двете земји. Обраќајќи се во Белата Куќа во Вашингтон, Трамп истакна дека тоа е последната нерпијателска акција на Иран.

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф подоцна изјави дека Техеран "денеска нема информации за губење на беспилотно летало", но тој го обвини Вашингтон дека се турка себеси, но и остатокот од светот на работ на амбисот. Говорејќи на маргините од посетата на ОН, Зариф ја обвини американската администрација дека "се обидува да го изгладне нашиот народ" и "да не осиромаши" преку економски санкции.

XS
SM
MD
LG