Достапни линкови

Мицотакис денеска ќе положи свечена заклетва


Лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис денеска ќе положи свечена заклетва со што и официјално ќе стане премиер на Грција, Извори од СИРИЗА за грчките медиуми нагласуваат дека Ципрас телефонски му честитал на Мицотакис и го информирал дека денеска ќе го чека да ја посети премиерската палата за примо-предавање на функцијата. Централно десничарската партија Нова демократија е победник на предвремените парламентарни избори во Грција и освои доволен број на гласови и 158 пратеници за да формира еднопартиска влада. Со пребројани скоро 82 насто од гласовите, според официјалните податоци од грчкото МВР, Нова демократија е прва со околу 40 проценти односно 8 насто повеќе од СИРИЗА, додека пак изненадувањето на изборите е тоа што Златна зора ја нема потребната граница од 3 насто за влез во Парламентот.

XS
SM
MD
LG