Достапни линкови

Русковска: Има постапки за одредени функционери, се гони и еден судија


Обвинителката Вилма Русковска

Обвинителката Вилма Русковска во врска со случајот за злоупотреба на ИПА фондовите во кој се осомничен државен секретар и вработен во министерството за информатичко општество и администрација нагласи дека се уште нема осомничени од фирмите во земјава во кои е вршен претрес.

Според неа, треба време за да се подготват сите докази, а потоа ќе се согледа дали истрагата ќе се прошири и на други осомничени. Во претресите што се спроведени во Италија, како што истакна Русковска, биле пронајдени докази за случајот.

Во врска со тоа дали има истраги за ИПА фондовите или други злоупотреби против други функционери таа нагласи дека во тек се предистражни и истражни постапки за определени функционери и тоа пред се за економски криминал и корупција. Русковска порача дека во моментов се гони барем еден судија.

XS
SM
MD
LG