Достапни линкови

Обвинителството во Косово со истрага за спорната фотографија


пратеничката Флора Бровина

Специјалното косовско обвинителство соопшти дека ќе покрене истрага за фотографијата која пратеничката на владејачката Демократска партија, Флора Бровина тврдеше дека е доказ за сексуалното насилство на Косово. Во меѓувреме, косовски медиуми јавија дека фотографијата била преземена од интернет страница со порнографски содржини.

Од обвинителството соопштија дека Бровина била повикана на разговор за нејзините тврдења дека наводната жртва на сексуално насилство на фотографијата ја познава и е жива, како и да ја предаде фотографијата и доказите за кои вели дека ги поседува.

Невладини организации соопштија дека Бровина и нанела голема штета на косовската заедница и на досегашната работа со жртвите на сексуалното насилство за време на војната во Косово. Бровина ја објави фотографијата за време на собраниската седница на која се расправаше и беше усвоена резолуцијата за „геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства на поранешниот српски режим во Косово“.

XS
SM
MD
LG