Достапни линкови

Без договор и денешната средба за Законот за јавно обвинителство


Министерката Рената Дескоска

Не е постигнат напредок за Законот за јавното обвинителство и на денешната средба на работните групи на Владата и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Министерката за правда Рената Дескоска по средбата изјави дека клучното прашање за кое се разговарало е членот 105 околу продолжувањето на постапките и користењето на доказите кои се собрани досега.

„ВМРО-ДПМНЕ остана на нивното барање постапките кои се отворени по првите 18 месеци од формирањето на СЈО да бидат запрени, сите докази кои се обезбедени да пропаднат во вода односно да не бидат употребливи, а сите мерки кои се преземени да престанат. Тоа поконкретно значи – ако им е замрзнат имотот како партија да биде одмрзнат, ако се изречени мерки на претпазливост и за јавување во суд да престанат, а евентуално тие постапки да бидат сопрени. Таквите ставови се неприфатливи“, изјави Дескоска.

Донесувањето на Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на СЈО е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија.

XS
SM
MD
LG