Достапни линкови

Пламените јазици на Нотр Дам во Париз


Катедралата Нотр Дам
Катедралата Нотр Дам

Катедралата Нотр Дам, едно од обележјата на Париз ја зафати пожар, а падна и покривот на главната кула. Причината засега не е позната, но се верува дека пожарот е поврзан со реновирањето на катедралата.

Еден од симболите на Париз, катедралата Нотр Дам e во пламен, соопшти во попладневните часови противпожарната служба на францускиот главен град. Сликите објавени на медиумите покажуваат огнени пламени и облаци од чад над покривот на средновековната катедрала, која е воедно најпосетениот историски споменик во Европа. Последните информации се дека се урнал покривот на централната купола од катедралата и дека пожарот се шири со голема брзина.

Францускиот претседател Емануел Макрон го откажа планираното обраќање во јавноста поради "ужасниот пожар" во катедралата Нотр Дам. Елисејската Палата соопшти дека претседателот се упатил кон катедралата.

"Нотр-Дам е пламен, емоции на целата нација. Мислам на сите католици и на сите Французи. Како и сите наши сонародници, тажен сум кога гледам дека гори овој дел од сите нас ", напиша претседателот Емануел Макрон на Твитер.

Би Би Си објави дека главната спирала на катедралата се распаднала под притисок на огнот. Сведоците наведуваат дека покривот на катедралата целосно се распаднал.

Во тек е голема операција за гасење на пожарот, соопштија од одделот за противпожарна заштита, додека портпаролот на Градскиот совет на Твитер напиша дека областа околу катедралата е расчистена.

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, го опиша како „страшен оган“ и ги повика луѓето кои се во близина да ги почитуваат ограничувањата за приближување кои ги пставија противпожарните екипи со цел да безбедни.

Канцеларијата на главниот обвинител на Париз соопшти дека започнале истрага за пожарот. Според министерот за внатрешни работи Лорент Нунез засега нема повредени во пожарот и дека сега е прерано да се утврди која била причината за пожарот.

И американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на Твитер.

"Ужасно е да се гледа кавов пожар во катедралата Нотр Дам во Париз. Можеби, огромени канадери во воздухот би можеле да го изгаснат огнот, мора да се дејствува брзо", напиша Трамп на Твитер.

Светските лидери и политичари изразуваат солидарност со Франција поради пожарот што го зафати едно од најактеристичните обележја на француската цивилизација.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер го опиша пожарот како хорор и тажен спектакл.

"Нашата париска дама му припаѓа на целото човештво. Каков ужас.Ги делам емоциите со францускиот народ кој исто така е наш", изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Германската канцеларка Ангела Меркел, преку нејзината портпаролка на Твитер, порача:

"Со длабоко жалење кажувам дека сум на настаните во Париз.Тажна сум што ги гледам овие ужасни слики на Нотр Дам, симболот на Франција и на нашата европска култура во пламен. Нашите мисли се со нашите француски пријатели", порача канцеларката Меркел.

Британската лабуристичка пратеничка Ивет Купер вели дека е во Париз и дека видела како спиралата на Нотр Дам паднала и дека не можела да поднесе повеќе да гледа.

Катедралата е една од најпопуларните туристички дестинации во Париз, а медиумите во живо покажуваат дека и вечерва има многу луѓе во областа. Секоја година, катедралата Нотр Дам ја посетуваат просечно 30 милиони луѓе.

Готската катедрала е стара 850 години. Изградбата започнала во дванаесеттиот век.Во тек е реновирање на катедралата, па одредени делови од бронзените статуи се отстранети минатата недела,поради тековните работи.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG