Достапни линкови

„Диџи Грлз“ низ Македонија


Плакат „ДиџиГрлз“
Плакат „ДиџиГрлз“

Караванот на Мајкрософт во различни македонски градови поттикнува девојки да ја одберат информатиката како главна професија.

Сè повеќе средношколки се одлучуваат да ја изберат информатичката технологија за своја професија, покажуваат состојбите на универзитетите, а и такви се ставовите на учесничките на Digi Girlz караванот на Мајкрософт Македонија што се одржува низ повеќе градови, кој денеска беше во Тетово. Караванот има слична цел, да ги поттикне и мотивира младите девојчиња да размислуваат за едукација и работа во ИТ, кодирање, програмирање, иновација во креирање и смислување на нови ИТ идеи.

„Нас, жените, нè радува онаа статистика која покажува дека во делот на завршени студенти веќе е поголем е бројот на девојчиња од момчиња, што зборува за фактот дека жените се поистрајни во одредени процеси, замисли и визии. Во делот на бизнис заедницата и инволвираноста од нашите Диџи Грлз спикерки дознаваме дека во градовите расте процентот на вклученост на жените во ИТ СТЕМ науки и е помеѓу 20 и 40 отсто зависно од градот. Така имаме со што да да ги охрабриме младите девојчиња кои се на крстосница во врска со изборот“, порача од Тетово Ема Анчевска, модератор во Караванот.

И од Мајкрософт Македонија велат дека вклученоста на девојките е зголемена.

„Мајкрософт веќе 19 години работи на настани за инклузијата на женската популација. Пред сè сакаме да им помогнеме да можат да направат вистински избор во денешно време кога новите технологии сè повеќе и повеќе навлегуваат во порите и таа дигитална трансформација е дел од иднината. Со сите овие настани и предавачи сакаме да им покажеме дека женската популација е еднаква со машката и може да се постигнат огромни резултати и од нивната страна и со нивно инволвирање во технологијата и иднината“, истакна Љупчо Георгиев, раководител на Мајскрософт за Македонија и Косово.

Пред средношколките од Тетово зборуваа и успешни жени од Македонија во ИТ бизнис сферата. Претходно, караванот ги посети девојките во Битола, Скопје и Штип.

XS
SM
MD
LG