Достапни линкови

Помпео ќе го посети Мексико


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на 13 јули ќе го посети Мексико каде што ќе разговара со претседателот во заминување Енрике Пења Нието и со новоизбраниот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор, соопшти мексиканското министерство за надворешни работи, наведувајќи дека теми на разговорите ќе бидат миграцијата, трговијата и безбедноста. Левичарот Лопес Обрадор победи на претседателските избори во неделата со 53 насто освоени гласови. Должноста ќе ја преземе на 1 декември.

XS
SM
MD
LG