Достапни линкови

Џафери: Најдоцна во декември целосна имплементација на Договорот и влез во НАТО


Претседателот на Собранието Талат Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека е убеден оти договорот за спорот со името најдоцна до крајот на годинава ќе биде имплементиран од двете страни во целост и дека Македонија во декември оваа година или на почетокот на јануари следната ќе стане триесетта полноправна членка на НАТО.

Џафери смета дека вчерашната одлука на Советот за општи работи на ЕУ треба да биде мотивирачка да се направи се што е потребно.

„Не треба да влијае фактот дека се одложува почетокот, бидејќи датумот се определува, а тоа е јуни следната година. Тоа треба да биде мотивирачки за сите нас, да ги направиме сите подготовки за во најкраток рок да ги затвориме поглавјата“, рече Џафери на 98-от „Рос Рот семинар„ во Скопје, на тема Евроатланската интеграција на Западен Балкан: Зајакнување на Европскиот мировен процес.

XS
SM
MD
LG