Достапни линкови

Северна Кореја: Трамп се согласил на постепена денуклеаризација


Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг УН и претседателот на САД Доналд Трамп, Сингапур, 12.06.2018.

Северна Кореја соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп се согласил на „чекор по чекор“ денуклеаризација, процес во кој секоја земја ќе презема симултани и реципрочни потези за намалување на тензиите и етаблирање на мирот меѓу долгогодишните непријатели. Во официјалното соопштение на Пјонгјанг објавено денеска по историскиот самит меѓу Трамп и севернокорејскиот лидр Ким Џонг Ун во Сингапур се додава дека Ким го поканил Трамп да ја посети Северна Кореја и оти тој ја прифатил поканата од Трамп да ги посети САД.

XS
SM
MD
LG