Достапни линкови

Мораме да ја задржиме довербата меѓу Македонија и Грција, вели Османи


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во интервју за МИА вели дека сега, во овие моменти во процесот на преговори за решавање на спорот за името, е многу важно да се задржи довербата меѓу Македонија и Грција.

„Лично сум оптимист. Последните метри од секоја трка се најтешки. Тука се разликуваат лидерите од другите. Треба да се издржи овој последен период од маратанот и да заврши позитивно. Тоа ќе ја одблокира целата држава“, вели Османи во интервјуто дадено по средбата во Брисел со високата претсавничка на ЕУ Федерика Могерини.

XS
SM
MD
LG