Достапни линкови

Путин бара 129 милијарди долари за да извлече од сиромаштија 10 милиони Руси


Путин за време на т.н. телефонско шоу, на кое одговара на телефонски поставените прашања од граѓаните

Рускиот претседател Владимир Путин, за време на одговарањето на телфонски прашања од граѓаните, настан што се организира еднаш годишно, рече дека една од целите на неговото претседателствување е да го преполови бројот на Русите кои живеат под линијата на сиромаштија, бројка која во моментов изнесува над 20 милиони луѓе, објави Асошиејтед прес.

„За таа цел на Владата ѝ се потребни 8 трилиони рубли (129 милијарди долари) за да се спроведат мерки за извлекување на луѓето од сиромаштија“, рече Путин.

Тој негираше укинување на рамниот данок на приход како можна мерка и додаде дека „парите ќе мора да дојдат со рационализирање на даночниот систем“.

XS
SM
MD
LG