Достапни линкови

Часови се во прашање Заев да каже „да“, објавуваат грчки медиуми


Илустрација

Грчките медиуми, повикувајќи се на свои извори и на информации од некои македонски медиуми, прогнозираат дека телефонскиот разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас би можел да се случи во следните денови.

Дел од нив дури објавуваат и „дека се во прашање часови до разговорот“ и дека „Атина очекува позитивен одговор од премиерот Заев“, јавува МИА од Атина.

Во однос на името, и покрај тоа што ниту македонската ниту грчката страна, јавно и официјално не ги отвораат картите дали постои договор, медиумите во Грција, веќе неколку денови тврдат дека е договорено „Република Северна Македонија“.

XS
SM
MD
LG