Достапни линкови

Путин: Не се плашиме од санкциите на Западот, постепено ќе бидат укинати


Фотографија од интервјуто на Путин за кинеската државна телевизија

Рускиот претседател Владимир Путин очекува постепено укинување на западните економски санкции кон Русија и нормализација на односите меѓу Москва и Западот, јави германската новинска агенција ДПА.

„Сегашните санкции против Русија, ниту не изненадуваат, ниту не плашат“, изјавил Путин во интервју за кинеската државна телевизија, објавено во пресрет на неговата посета на Кина.

Тој во интервјуто оценува дека овие санкции „постепено ќе бидат укинувани“, по што ќе дојде и до нормализација на односите меѓу Русија и западните земји.

„Ќе ги нормализираме односите со сите наши партнери, вклучително и со САД, како и со оние кои и се потчинуваат на Америка и ни воведоа санкции“, додава рускиот претседател.

XS
SM
MD
LG