Достапни линкови

Времето денеска променливо со врнежи и грмежи


Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, во текот на денот на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Доцна попладне времето ќе се стабилизира. УВ индексот ќе изнесува 7. Утринската температура се движи од 12 до 19 степени, а дневната ќе биде од 20 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во текот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. Доцна попладне времето ќе се стабилизира. Утринската температура достигна до 16, а дневната температура до 30 степени.

Утре и в петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. В петок кон крајот на денот и в сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

XS
SM
MD
LG