Достапни линкови

Министерот Димитров на разговори во Брисел


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешниот појадок со неговите колеги од Европската Унија ќе ги информира европските министри за текот на реформите во земјата и ќе бара од нив, како што јавува МИА, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, да го „препознаат историскиот момент за Македонија и регионот“. Неформалниот појадок, организиран од страна на Бугарија и Австрија, односно од сегашното и следното претседателство на ЕУ, ќе се одржи еден час пред почетокот на редовниот совет на ЕУ за надворешни работи. За Македонија е од голема важност да добие временска рамка за почетокот на преговорите во текот на оваа година, бидејќи следната година е изборна во Европската Унија и политичките процеси ќе бидат во застој. Димитров, кој по Њујорк веднаш отпатува за Брисел, вчера имаше тет-е-тет средба со високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини.

XS
SM
MD
LG