Достапни линкови

ЕУ решена да ја зачува меѓународната спогодба со Иран


шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

„Европската унија е решена да ја зачува меѓународната спогодба со Иран за неговата нуклеарна програма“, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од таа спогодба, најавувајќи враќање на санкциите врз Иран. Според неа, спогодбата постигната во Виена во 2015 година ја исполнува својата цел за гарантирање дека Иран нема да развие нуклеарно оружје. Загриженост поради ваквата одлука на Трамп изразија и Франција, Германија и Британија. Тие најавија дека сакаат заедно да работат на „ширење на таа спогодба“. Со спогодбата меѓу Иран и шестте големи сили, САД, Русија, Кина, Гранција, Британија и Германија на Техеран му се укинати економските санкции во замена за ограничување на програмата за збогатување ураниум.

XS
SM
MD
LG