Достапни линкови

Заев - Треба да одговараат тие што го наведувале сведокот за „Поткуп“


Заев - Да одговараат тие што го инструирале сведокот „да ме намести“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Заев - Да одговараат тие што го инструирале сведокот „да ме намести“

Премиерот Зоран Заев по денешното рочиште за „Поткуп“ изјави дека од сведочењето на единствениот сведок за обвинувањето дека барал мито можеле да се видат признанија од сведокот дека бил инструиран од МВР и ОЈО и дека е потребно да се поднесат пријави пртив тие што го наведувале.

Бизнисменот Иван Николов Сачевалиев призна дека го наведувал премиерот Зоран Заев да проговори за поткуп откако луѓето од МВР го опремиле со палто со опрема за да го снима во неговата канцеларија во времето кога тој бил градоначалник на Струмица. На денешното судење за случајот Поткуп, по шест часа распит и во атмосфера на вкрстени прашања од адвокатите, обвинителката и премиерот Заев, кој во случајот е обвинет, бизнисменот Сачевалиев на прашање на судијката Добрила Кацарска дали Заев сам му понудил поткуп, рече: Јас го терав Заев да говори за поткупот. Тој кажа дека снимката од ПИ мерките што била прикажана на телевизија не била целосна, но оти е идентична на разговорот што тие го воделе во неговиот кабинет.

По рочиштето, Заев изјави дека од сведочењето на единствениот сведок за обвинувањата дека барал мито можеле да се видат неговите признанија дека бил инструиран од МВР и ОЈО. Тој дополни дека постојат сознанија дека претходно против бизнисменот биле отворени истраги за други предмети, но оти биле повлечени откако почнал да соработува со тогашната власт во врска со случајот Поткуп.

„Јас јавно прашав, а редот беше тој да каже дека се отворени други истраги и како тие се затворени пред тој да биде соработник на власта. Тоа требаше тој да го каже, но истрагата нека докаже како тоа се поклопува со ПИ мерките и неговото инволвирање во овој процес. Верувам дека после овие искази на сведокот треба да следуваат други пријави против службени лица за тоа како му се наредувало и објаснувано. Мојот адвокатски тим ќе одлучи како понатаму“, изјави Заев.

Тој праша дали случајно и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков бил во МВР кога Сачевалиев го пријавувал случајот со поткупот.

„Сакав да прашам дали Сашо Мијалков случајно бил таму“, рече премиерот.

Во врска со тоа дали СЈО поседува „бомби“ во врска со овој случај, Заев рече дека има, дека ги слушнал и дека се работи за прислушувани разговори и пред и по овој период. Според него, овие ПИМ се нелегитимно набавени.

Претходно во судницата, сведокот Иван Николов Сачевалиев тврдеше дека во 2013 година, кога Заев беше градоначалник, знаел дека тој треба да откупи државно градежно земјиште и му се јавил за да дојде кај него во градоначалничкиот кабинет во Струмица. Му рекол дека може да го откупи земјиштето за 70 денари од квадратен метар, но дека ќе треба да плати плус три евра – едно евро за него, едно за партијата СДСМ и едно евро за црквата. Сачавалиев изјави дека тој му понудил на Заев да донира градежни материјали за црквата, но оти тоа било одбиено.

Во сведочењето на почетокот на рочиштето, Николов рече дека кога бил во МВР да го пријави случајот се сретнал со тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков, но оти не разговарал со него, а тој им рекол на колегите во МВР дека сведокот е најработливиот човек во Струмица.

Заев рече дека на денот кога ги објавувал бомбите во Универзалната сала, тој му се јавил на сведокот и му рекол: „Иво, како не ти е срам? Со месеци и години се обидуваш да ме наместиш? Имаш внуци и никогаш си немал ни еден проблем од мене? Зошто се обидуваш да ме наместиш?“

Кога адвокатот го праша сведокот зошто продолжил да контактира со Заев откако го пријавил случајот, Иван Николов Сачевалиев рече дека на 10 март 2015 година, Заев му се јавил последен пат утрото во 9:45 и му рекол:

„Земи тој милион што го имаш да го платиш и не ти чини тоа што го правиш и ми затвори телефон. Потоа вечерта си го чув името од Заев во Универзалната сала. Па почнаа да ме прашуваат моите за што станува збор и им реков дека сум бил во Обвинителството“, рече Сачевалиев.

Сведокот Сачевалиев рече дека се сеќава дека потпишал два записника во јавното обвинителство, а третиот го видел во судницата. Адвокатот Медарски му предочи три записници од сослушување кои ги дал пред Обвинителството за организиран криминал и корупција. Медарски исто така му укажа дека во записникот стоело дека му биле побарани пари за црквата додека бизнисменот тврдеше дека првично му биле побарани пари за црквата, партијата СДСМ и лично за Заев кои тој требало да ги однесе кај братот на Заев во менувачницата. Подоцна, според бизнисменот, Заев му барал пари само за црквата и за него.

Претходно судот одлучи денеска да не биде пуштена целосната снимка од ПИМ, сè додека Основното јавно обвинителство не добие писмена одлука од судот.

Одбраната прво побара таа да ја слушне снимката за да може подготвена да го испрашува сведокот, но барањето беше повлечено откако вториот адвокат на обвинетиот Зоран Заев кажа дека тој веќе ја имал слушнато целосната снимка.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Што треба да знаете

XS
SM
MD
LG