Достапни линкови

Села - Не се враќаме во Влада, но во политиката нема „не“


Села - Не се враќаме во Влада, но во политиката нема „не“
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:12 0:00

Села - Не се враќаме во Влада, но во политиката нема „не“

Не верувам дека таква шанса да се вратиме во Влада ќе има, бидејќи се работи за достоинство. Но, во политиката никогаш не постои не, но од друга страна во вакви околности не, вели Зијадин Села во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Законот за употреба на јазиците наиде на големи реакции во јавноста, тргнувајќи од начинот на којшто беше донесен, но и во однос на содржината од страна на дел од експертската јавност. Зошто тогаш толку брзање да се донесе овој закон, кога факт е дека не беше дел од реформските приоритети, а на тоа беше укажано и од повеќе европски дипломати.

Не е баш така како што сега се обидува да се пласира во јавноста. Зборуваме дека законот е донесен без дебата што не е вистина. Можноста за дебата во врска со законот имале сите. Забораваме дека во 2008 беа донесени над 100 закони, меѓу кои и законот за употреба на јазиците од страна на истите политички актери кои сега се спротивставија на законот и кои бараа да има јавна дебата. Паметите во 2008 како се донесе законот? Значи ова беше непотребна реакција од нивна страна. Ова е само играње политики и патриотизам пред народот, а не им е тоа целта, бидејќи истите политички актери, јас многу добро сум информиран, кога беше во прашање да се формира ново мнозинство го прифатија истиот закон и не се согласуваа само со Специјалното јавно обвинителство. Значи се работи само за театар, за ништо друго. Овој закон за волја на вистината требаше да се донесе во 2004 година кога требаше да се исполни законската рамка на Охридскиот рамковен договор, значи доцниме 14 години. Законот за употреба на јазиците е многу важен закон за албанското општество тука во Република Македонија и мислам дека не треба да се дели дали е тоа дел од реформите или не е дел од реформите. Дел од реформите е почитување на елементарните права на граѓаните, употребата на јазикот е елементарно право на секој граѓанин. Изјавите на некои, како што тврдите вие, претставници на амбасади мислам дека се неодговорни и можеби не ги знаат доволно политичките случувања и затоа даваат такви изјави.

Има ли шанси уште еднаш да ве видиме во друштво со Заев и со Ахмети?

Не верувам дека таква шанса ќе има, бидејќи се работи за достоинство. Никогаш не сме дозволиле некој да се игра со нас, нема да дозволиме тоа пак да се случи. По политиката никогаш не постои – НЕ, но од друга страна во вакви околности не.

Целото интервју со претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, може да го погледнете на видео снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG