Достапни линкови

Бејли - Одблиску ги следиме преговорите за името


Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

САД се надеваат на скорашен договор меѓу Грција и Македонија за името, вели амбасадорот Бејли. Тоа ќе им помогне и на двете земји и на регионот, додава амбасадорот. Тој ги осуди и заплашувањата кон новинарите.

Соединетите Американски Држави се загрижени и се надеваат на скорешен договор меѓу Македонија и Грција за проблемот со името, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли.

„Секретарот Мичел вчера го кажа ставот. Тој рече дека САД се загрижени. Го следиме процесот одблиску. Македонија и Грција се пријатели и сојузници на САД и се надеваме дека ќе достигнат заедничко и прифатливо решение за името, што ќе помогне на двете земји и регионот“, изјави амбасадорот Бејли, кој присуствуваше на промотивен настан на Мировниот Корпус Македонија.

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, вчера, на првата посета на регионот откако ја презеде функцијата, рече дека Вашингтон се вклучени некое време во преговорите за името и ќе продолжат да бидат вклучени.

САД се надеваат на скорешен договор меѓу Македонија и Грција за името
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:17 0:00

Покрај ова, амбасадорот Бејли ги осуди и заплашувањата кон новинарите, со што, како што вели, се прекршува слободата на медиумите и изразување.

„Ги осудуваме дејствата на насилство и заплашување врз новинарите, тие не се дел од демократијата и директно ги напаѓаат слободата на медиумите и слободата на изразување. За жал, некогаш овие дејствија може да отидат предалеку, како на пример неодамнешните тажни настани во Словачка. Ова е загрижувачко и во Македонија, но и во светот. Во исто време мислам дека инцидентите кои доведоа до оваа ситуација зборуваат за проблеми со неказнивост, а многу е важно лидерите да одржуваат високи стандарди и да го почитуваат законот“, изјави амбасадорот.

Тој присуствуваше на промоција на соработката меѓу локалните власти и Мировниот Корпус Македонија, со која американски волонтери престојуваат кај македонски граѓани и работат во заедницата.

На настанот присуствуваа волонтери кои веќе живеат во Македонија и зборуваа за влијанието на нивните активности. Еден од нив, кој е специјален едукатор од Мериленд, го нагласи ефектот на нејзините активности за подигнување на свеста за луѓето со посебни потребни во Струга. Друг пак, експерт за развој на заедницата од Калифорнија, зборуваше за неговиот успех во градењето на капацитети и информирање на младите во регионот на Тетово.

Општините беа поканети да аплицираат за волонтер на Мировниот Корпус. Следната група ќе пристигне во септември 2018 година. Мировниот Корпус Македонија функционира 21 година, а досега биле над 700 волонтери.

XS
SM
MD
LG