Достапни линкови

Британија најавува мерки против Русија


Британскиот премиер Тереза Меј

Британскиот премиер Тереза Меј се очекува да ги најави мерките против Русија откако земјата не го испочитува дадениот рок со цел да објасни како нервен гас развиен за време на Студената војна бил искористен за да се отруе поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Британија.

САД, ЕУ и НАТО соопштија дека ја поддржуваат Британија, откако Меј изјави дека е многу веројатно оти Русија стои зад нападот на Скрипал и на неговата ќерка. Меј и даде рок на Русија до 13 март на полноќ да одговори како реткиот нервен гас се нашол во Англија. Таа посочи дека размислува за економски и дипломатски мерки како резултат на нападот.

XS
SM
MD
LG