Достапни линкови

Вес Мичел: Србија има континуирана поддршка од САД


Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел и српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, Белград, 13.03.2018.

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел вчера од Скопје пристигна во Белград, каде што оствари средба со српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ. На состанокот, како што соопштија од кабинетот на Дачиќ, биле разгледани регионалната стабилност, европскиот пат на Србија и продолжување на Бриселскиот дијалог, теми за кои Вес Мичел укажал дека Србија има „континуирана поддршка од САД“. Според соопштението, Мичел истакнал дека „САД ја гледаат Србија како една од најзначајните држави во регионот и столб на стабилноста на Балканот“.

XS
SM
MD
LG