Достапни линкови

Трамп: Русија ѝ помага на Северна Кореја


Трамп ја обвинува Русија за Северна Кореја
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Трамп ја обвинува Русија за Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија ги крши меѓународните санкции и и помага на Северна Кореја. Руското Министерство за надворешни работи оцени дека станува збор за обвинувања без никаква основа.

Американскиот претседателот Доналд Трамп ја обвини Русија дека ѝ помага на Северна Кореја за да ги избегне економските санкции.

Во интервју за Ројтерс во Белата куќа, Трамп оцени дека Русија „воопшто не помага“ во врска со Северна Кореја.

Од друга страна, како што додаде, Кина ја повлекла нејзината помош за Северна Кореја.

Трамп ги пофали активностите на кинескиот претседател Си Џинпинг, велејќи дека Пекинг „прави многу“ за да помогне во зауздањето на Пјонгјанг.

Сепак, тој дополни дека Кина би можела да стори повеќе.

Претседателот Трамп оцени дека Северна Кореја со секој ден се доближува до тоа да може да испрати проектили на територијата на Соединетите држави и затоа треба да се унапредат американските системи за ракетна одбрана.

Трамп повтори дека е подготвен да разговара со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, но со забелешка дека не е сигурен оти тоа ќе доведе до нешто значајно.

Во истовреме во говорот на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија американскиот државен секретар Рекс Тилерсон исто така ја пофали Кина за нејзиниот притисок врз Пјонгјанг.

Според него, дел од американскиот пристап кон проблемот бил да им се помогне на кинезите да сфатат дека треба да преземат одговорност за Северна Кореја.

Тој додаде дека Вашингтон добива докази оти меѓународните санкции почнале да даваат резултати.

„Значи, добиваме многу докази дека санкциите навистина почнуваат да повредуваат“, рече Трамп.

Тој притоа ја повтори изјавата на јужнокорејскиот претседател Мун Џеј-ин дека санкциите придонесле за неодамнешната подготвеност на Северна Кореја да разговара со Јужна Кореја.

Тилерсон изрази увереност дека притисокот на крајот ќе ја донесе Северна Кореја на преговарачката маса околу нејзините нуклеарни и ракетни програми.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG