Достапни линкови

Мекмастер: САД мора да го спречат руското мешање


Мекмастер: „подмолно“ руско мешање во изборите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Мекмастер: „подмолно“ руско мешање во изборите

Советникот за национална безбедност Херберт Рејмонд Мекмастер, изјави дека Соединетите држави мора „да ја повлечат завесата“ на „подмолното“ руско мешање во изборите и на други случаи на „дестабилизирачкото однесување“ на Москва. Тој во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека сепак, Вашингтон сака да најде области за соработка со Москва.

Главниот советник на Белата куќа за национална безбедност Херберт Рејмонд Мекмастер вели дека една од најважните задачи во одбраната на националната безбедност на САД е да го открие мешањето на Русија во изборите ширум светот за да се спречи Москва повторно да се меша во демократските процеси.

„Па, она што треба да го направиме е да најдеме начин да се справиме со оваа многу софистицирана стратегија. Овој нов вид на закана што Русија навистина ја усоврши на многу начини. Тоа е употребата на дезинформации и пропаганда и алатки на социјалните медиуми за вистинска поларизација на општествата и за поставување на заедниците едни против други, за да се ослабне нивната решителност и нивната посветеност“.

На забелешката на новинарката Грета Ван Сустерн дека е подмолно кога некој влегува во изборите и дебатата или става лажни информации Мекмастер вели дека „подмолно“ е вистинскиот збор за да се опише руската активност.

„Значи, еден од најважните лекови е да се повлече завесата за да се покаже оваа активност, за да се покаже што е изворот на оваа активност - каква е целта на оваа активност. И така, ќе поткопате многу од нивната способност да вршат такво негативно влијание врз нашето општество или врз другите“.

Американски разузнавачки служби заклучија во јануари минатата година дека рускиот претседател Владимир Путин наредил кампања за „влијание“ на изборите во 2016 година, со цел да ја поткопа довербата во демократијата во САД, да го оцрни угледот на демократскиот кандидат Хилари Клинтон за да му помогне на републиканецот Доналд Трамп.

Исто така е заклучено дека Русија се обидела да се меша и во други гласања, вклучително и во Франција, Шпанија и Британија.

Инаку, во интервјуто Мекмастер наведува дека Вашингтон смета оти е многу важно да се најдат начини за соработка со Русија.

„Па, би сакале да најдеме области каде што можеме да соработуваме со Русија во областите каде што нашите интереси се преклопуваат. Отворена област за која зборуваме е за тоа што е во Северна Кореја, а другата е во Иран. Мислам, како може да биде во интерес на Русија да помага во зајакнувањето на Иран на Блискиот Исток. Тие ќе платат огромна цена за тоа“, изјави советникот на Белата куќа за национална безбедност Херберт Рејмонд Мекмастер во интервјуто за „Гласот на Америка“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG