Достапни линкови

Трамп: Не очекувам војна


Трамп предвидува „мир преку сила“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00

Трамп предвидува „мир преку сила“

Американскиот претседател Доналд Трамп, запрашан за можноста за војна, изјави дека предвидува мир преку сила. Тој уште еднаш повтори дека немало некаков заговор меѓу неговиот изборен штаб и Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференцијата со норвешката премиерка Ерна Солберг во Белата куќа беше запрашан за коментар околу изјавата на американскиот генерал Роберт Нелер.

Наводно, тој за време на посетата на американските маринци, стационирани во Норвешка, изјавил дека ќе имало војна.

„Можеби тој знае нешто што не го знам“, изјави Трамп, кој оценувајќи дека Соединетите Држави имаат многу силна војска и оти таа со секој ден станува се посилна додаде дека не очекува војна:

„Не, не го очекувам тоа. Мислам дека ќе имаме, поради силата - мир преку сила. Мислам дека ќе имаме долг период на мир“, рече Трамп.

Притоа тој наведе дека во врска со Северна Кореја сега имало многу добра енергија.

„Мислам дека е многу подобро да соработуваме со Русија. Многу е подобро да се работи со Северна Кореја, каде што во моментов имаме проблем кој никогаш не требаше да биде мој проблем“, рече тој.

Според Трамп, овој проблем требаше да биде решен пред многу години кога бил многу помалку опасен.

Во врска со Русија, Трамп рече дека сепак рускиот претседател Владимир Путин не може да го сака тоа што и тој, односно Соединетите Држави да имаат најсилна војска досега.

Трамп на прес-конференцијата исто така ги негираше тврдењата за заговор помеѓу неговата претседателска кампања и Русија.

Тој како мала ја оцени и веројатноста да биде интервјуиран како дел од истрагата на специјалниот советник Роберт Милер за вмешаноста на Русија во претседателските избори во 2016 година.

Трамп повтори дека станува збор за измама од страна на Демократската партија со цел да и се нашети на владата и да си најде, како што рече, изговор за губењето на изборите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG