Достапни линкови

Трамп: САД се за „големо партнерство“ со ривалските сили Русија и Кина


Трамп: Русија и Кина ривали на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Трамп: Русија и Кина ривали на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот објави нова стратегија за национална безбедност, нагласувајќи ја пораката „Америка на прво место“. Тој ги именуваше Русија и Кина како американски конкуренти на светската сцена.

Во говорот што го одржа во Центарот за меѓународната трговија во Вашингтон, Трамп рече дека извештајот, кој е составуван повеќе од една година, има „принципиелен реализам“ и се фокусира врз четири теми: заштита на татковината, промовирање на американскиот просперитет, и унапредување на американското влијание во постојано конкурентен свет.

Тој додаде дека оваа стратегија признава оти Соединетите Држави се ангажирани во нова ера на конкуренција.

Според Трамп, САД треба да прифатат дека енергични воени, економски и политички натпревари се играат низ целиот свет. Притоа тој ги назначи Русија и Кина како главни американски ривали на светската сцена кои сакаат да ја поткопаат американската моќ.

„Ние, исто така, се соочуваме со ривалски сили Русија и Кина кои сакаат да ги оспорат влијанието, вредностите и богатството на Америка. Ќе се обидеме да изградиме одлично партнерство со нив и со другите земји, но на начин кој секогаш ќе го штити нашиот национален интерес“, рече тој.

Според Трамп, овие две земји се решени да создадат помалку слободни и отворени економии, да ги зголемат нивните војски и да ги контролираат информациите со цел репресија на населението и ширење на своето влијание.

Тој жестоко ги критикуваше, како што рече, неуспесите на неговите претходници, наведувајќи повеќе години граѓаните на САД биле сведоци како политичарите во Вашингтон претседаваа од едно разочарување во друго.

Тука тој ги спомна ширењето на Исламската држава и неправедното одбранбено оптоварување што Вашингтон го презеде за своите сојузници.

Тој рече дека повеќе нема да ги толерира гореспоменатите „разочарувања“.

„За прв пат американската стратегија признава дека економската сигурност е национална безбедност. Економскиот раст, виталноста и просперитетот дома се апсолутно неопходни за американската моќ и влијанието во странство. Секоја нација која тргува со својот просперитет за безбедност, ќе заврши со губење и на двете“, рече американскиот претседател.

Ова е 17-ти ваков документ откако администрацијата на претседателот Роналд Реган почна да го доставува до американскиот конгрес во 1987 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG