Дваесет лица од ресенските села Крани и Аврати побарале лекарска помош со симптоми на ентереколит, односно воспаление на дебелото и тенките црева. Лицата биле дијагностицирани со лесна клиничка слика во периодот меѓу 3 и 7 декември и не се хоспитализирани, пренесува МИА.
Екипи од Центарот за јавно здравје Битола, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна извршиле надзор на водата за пиење во селата, биле констатирани неправилности и водата за пиење била забранета.