Достапни линкови

Ваши коментари - Полемики со Димитров за патриотизмот


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и македонскиот министер Никола Димитров.

Фановите на РСЕ најмногу коментираат во врска со интервјуто на министерот Никола Димитров, за неговите зборови за тоа што е патриотизам. Свои видувања имаат и за случајот Пуч и за притворот за Едмонд Темелко.

Одлуката на апелација јавноста ја чека – дали видео-снимката објавена на Јутјуб може да биде доказ во случајот „Поткуп“ во кој е обвинет Заев дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмички бизнисмен. А коментарите на нашата ФБ страница – различни. Петро Лазарев вели: „Ако не го осудат, народот ќе го осуди, и тоа брзо“, а Дејан Велковски смета дека „по наредба на Амерот нема случај, им треба жив, само до кога?“ „Снимката нема да биде земена како доказ, бидејќи не е целосна“, постирал Игор Миленкоски, а Рубин Ристески коментира: „Ако продолжи судството да се занимава со глупости, подобро нека се откажат од работа. ПИМ мерки се знае што се, ако се почитува ЗАКОН, треба да се открие кој ги објавил тие снимки, а биле во ПИМ постапка, па тој да си сноси одговорност, ако се тајни, тие веднаш по објавувањето на интернет немаат валидност во една постапка, само го покажуваат ИДИОТИЗМОТ и НЕПИСМЕНОСТА на тој што ги објавил за да се ситат оние што мислат како него“.

Најмногу коментари има во врска со интервјуто за РСЕ на шефот на дипломатијата Никола Димитров, особено околу неговите зборови за тоа што е патриотизам и изгледите со Грција да се постигне компромис за проблемот што таа го има со нашето уставно име. И овие коментари се различни, што би рекол народот, колку луѓе толку мислења. Даниела Гроздановска, на пример, пишува: „Читам и се чудам на коментарите... Груевски, лоповот и најголемиот предавник на Македонија ви вградил чипови и со специјален страв ви ги штелуваше и сè уште ви ги штелува мозоците. Проста маса... пола Македонци се иселија од државава, а останатите останаа да копаат по контејнерите за да преживеат. Тоа ли е ваше видување за патриотизам?...“ Но, Боби Петковски коментирал: „Кога влегуваш во преговори во кои си спремен сè да дадеш, сигурно ќе немаш страв“, а Александар Настевски, дури малку и заканувачки: „Но без страв и кога еден ден ќе дојдат и по твојата глава“. Љупчо Силјановски му забележува на Димитров зошто кажувал само за наши отстапки - „напоменете барем еднаш што ќе направат нашите јужни соседи“. Има многу постови во кои се напаѓаат Владата и Димитров дека исполнувале наредби на Брисел, постови дури и со тешки клетви, но и коментари со поддршка и дека „Конечно почнуваме да личиме на држава“, како што напишал Аседин Изеири.

И за ослободувањето на Едмонд Темелко од притвор и доделување домашен притвор има повеќе постови, и повторно различни. Елизабета Трајковска резигнирано извикува: „Гнаси едни, сите се разболеа сега, море, малку им е!“ Сотир Петров потсетува дека „сегашниве и слушаат и реагираат, а тие претходните, чиј претставник е и Темелко и дузина други, бремена жена оставија во притвор. А1 – колку за потсетување. Спиете ли мирно, багро нечовечна?“ Горан Петковски напишал дека Заев конечно ја сфатил грешката... „Македонецот е најголем непријател на Македонецот...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG