Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ бара Едмонд Темелко да се ослободи и од домашен притвор


Градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара градоначалникот на Пустец, Албанија, Едмонд Темелко да биде ослободен и од домашен притвор, откако судот вчера одлучи притворот да му го замени со домашен притвор. Во денешното партиско соопштение се наведува дека 60 дена неосновано и во исклучително лош третман се чува борецот за човекови права и единствениот македонски градоначалник во Албанија.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за двоен аршин на судовите и најави граѓански протест за правда и правдини кој што ќе се одржи на 3 декември, в недела, во 18 часот.

Темелко беше притворен пред два месеци на барање на СЈО зашто е обвинет во предметот за изборни нерегуларности „Титаник“, а не ја почитувал мерката на претпазливост која претходно му беше определена.

XS
SM
MD
LG