Достапни линкови

Апелација решава дали видеоснимките на „Јутјуб“ може да бидат доказ во „Поткуп“


Премиерот Зоран Заев пред суд за случајот „Поткуп“

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе одлучува дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во случајот „Поткуп“. Адвокатите на Заев побараа од Основниот суд Скопје 1 оваа снимка да се издвои од доказите, бидејќи беше објавена на неколку медиуми, а се работи за тајна снимка. Судот го одби нивното барање по што поднесоа жалба до Апелцискиот суд. Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, во вредност од околу 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица. Следното судско рочиште за „Поткуп“ во Кривичниот суд е закажано за 25 декември.

XS
SM
MD
LG