Достапни линкови

Пациент преживеал благодарејќи на пресадување кожа од брат му близнак


Илустрација

Еден човек во Франција, кој имал изгореници на 95 отсто од кожата преживеал благодарејќи на пресадување на кожата од неговиот браз близнак, соопшти денеска болницата во Сент-Луј во Париз.

Ова е прв пат да се пресади кожа на 95 отсто од површината, вели хирургот, Морис Мимун. Претходно имало пресадувања до 68 отсто од површината.

Тој вели дека поради скоро идентичниот генетски код кај еднојајчаните близнаци, кожата не може да биде отфрлена и не е неопходна терапија против отфрлување на пресадениот орган.

Пациентот на 33-годишна возраст бил примен во болница во септември 2016 година со тешки изгореници на 95 отсто од кожата по несреќа на работа. Прогнозите дека ќе преживее не биле добри се додека докторите не дознале дека има еднојајчан брат близнак.

Првата трансплантација била направена седум дена по приемот во болница. Близнаците биле неколку пати оперирани истовремено за кожата веднаш да се пренесе од едниот на другиот. Биле направени неколку операции за во меѓувреме да може да се обнови кожата на здравиот брат.

Лекарите земале кожа од главата, внатрешниот дел на бутините и од грбот, односно од местата на кои најбрзо се обновува – за седум до 10 дена.

Здравиот брат нема да има лузни, туку малку поинаква пигментација.

Изгорениот е пуштен на домашно лекување.

XS
SM
MD
LG