Достапни линкови

Судењето за „Траекторија" закажано за 6 декември


Архивска фотографија: Градежни активности на автопатот Миладиновци - Штип

Судењето за предметот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, ќе почне на 6 декември. Кривичниот суд, кој на 13 ноември го прифати обвинението на СЈО за случајот, дал и два дополнителни датуми за судење, 18 и 26 декември, потврдија за МИА од СЈО.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

XS
SM
MD
LG