Достапни линкови

Најмалку 11 загинати во бомбашки напад на митинг во Авганистан


Разнесено возило по бомбашкиот напад во Кабул

Најмалку 11 луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад на митинг во Кабул. Митингот го одржувале поддржувачи на Мохамад Ата Ноор, моќниот гувернер на северната провинција Балх, кој е и поранешен лидер на фракционерските милиции на антиталибанската Северна алијанса.

Ноор, кој е отворен критичар на владата на национално единство на авганистанскиот претседател Ашраф Гани, не присуствуваше на митингот.

Полицијата соопшти дека загинале деветмина полицајци и двајца цивили, како и дека најмалку седуммина полицајци биле ранети во експлозијата.

Нападот се случил пред свадбена сала во Кабул, каде што требало да продолжи митингот. Напаѓачот, кој носел појас со експлозив, се разнел пред вратата, кога бил сопрен од обезбедувањето.

Ноор е претседател на доминантно етнички Таџикистанска партија Џамат-е ислами. Тој навести дека може да се кандидира за претседател на Авганистан на изборите во 2019 година.

XS
SM
MD
LG