Достапни линкови

Полициски билтен - низа случаи за напади врз малолетници во Скопје


Македонска полиција, МВР.

Низа случаи на напади врз малолетници се случиле синиоќа во Скопје, соопштува МВР во полицискиот билтен.

Синоќа околу 18 часот две лица со нож извршиле разбојништво врз двајца малолетници на ул. „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје, при што им одземале 1.200 денари и избегале.

Исто така малолетник од Скопје (Б.В) околу 21 часот во меѓусебна тепачка е прободен со остар предмет во пределот на грбот на бул. „Видое Смилевски Бато.“

Исто така околу 22 часот малолетник од скопско е нападнат со нож движејќи се по ул. „Гоце Стојчевски“. Тој видел две лица во автомобилот марка „Поло“ на неговиот братучед. Мислејќи дека во автомобилот е неговиот братучед, тој бил нападнат со нож од едно од лицата кое му нанел расекотина на раката, а потоа двајцата побегнале земајќи го радиото од возилото.

МВР соопштува дека жител на село Чегране застрелал друг жител по што избегал. Нападнатиот по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гостивар е пренесен во Клиниката за пластична хирургија во Скопје.

XS
SM
MD
LG