Достапни линкови

Обвинет во Транспортер ќе ѝ свири на дијаспората


Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески

Во скопскиот Кривичен суд денеска повторно беше одложено рочиштето за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески. Денешното судско рочиште е одложено поради боледување на една од обвинетите.

Според судијката Лидија Петровска, бидејќи поради тоа што од истата причина судењето е одложено по вторпат, треба да се отвори можноста за издвојување на постапките.

СЈО, пак, побара однапред да се закажат неколку рочишта и да се избегне понатамошно одложување.

Закажувањето на рочиштето за наредниот месец беше проблем за еден од обвинетите, Џими Мицевски да пристигне на судење, бидејќи во тој период ќе бил на закажана турнеја со групата „Молика“ во Австралија. Мицевски побара од судијката да се закажат рочиштата по неговото враќање од Австралија во јануари, бидејќи групата ќе трпела финансиски последици.

Судот го закажа следното рочиште за 13 декември.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена штета од околу 360 илјади евра.

XS
SM
MD
LG