Достапни линкови

Нема информации за македонски државјани погодени од земјотресот во Мексико


Зградата на Министерството за надворешни работи во Скопје

Министерството за надворешни работи информира дека согласно со комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасада во САД до овој момент нема сознанија за македонски државјани погодени од земјотресот во Мексико. Амбасадата е во контакт со мексиканските институции за какви било нови информации.

Македонски граѓани кои евентуално се погодени од земјотресот во Мексико, можат да ја контактираат македонската амбасада во САД на следниве телефони: 00 1 202 390 7418 и 00 1 202 667 0501, се вели во соопштението од министерството.

XS
SM
MD
LG