Достапни линкови

Над 220 загинати во силен земјотрес во Мексико


Земјотресот со сила од 7,1 степен уривал згради и предизвикал голема паника меѓу 20 милионското население на градот Мексико.

Над 220 луѓе загинале во вчерашниот силен земјотрес што го погоди главниот град на Мексико, Максико Сити. Земјотресот со сила од 7,1 степен уривал згради и предизвикал голема паника меѓу 20 милионското население на градот. До овој потрес дојде по две недели од земјотресот со сила од 8,1 степен што на југот на земјата уби околу 90 луѓе. Според градските власти четириесетина згради, вклучувајќи училишта, биле сериозно оштетени или уништени. Претходно во Мексико Сити се одржувала вежба за подготвеност од елементарни непогоди како одбележување на годишнината од разорниот земјотрес од 1985 година кога во градот загинаа 10 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG