Достапни линкови

Фудбалска еуфорија во Скопје

Граѓаните се забавуваат во неутралната фан зона на плоштадот Македонија во пресрет на Супер купот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид кој ќе се одигра утре во Скопје. Неутралната фан зона денеска и утре ќе биде отворена од 11 до 19 часот. Се игра фудбал на мали голчиња, серва, има музичка програма, а сите посетители може да се фотографираат со трите трофеи на УЕФА, трофеите на Суперкупот, Лигата на шампионите и Лига Европа.

На топлото време, кое дури и во претпладневните часови надминува 30 степени, најмладите сепак најмногу и се радуваат на подната фонтана.
Покажи повеќе

XS
SM
MD
LG