Достапни линкови

Косовските пратеници положија заклетва во Собранието


Парламентот на Косово.

Пратениците во новиот Парламент на Косово денеска положија свечена заклетва на функцијата, речиси два месеци по парламентарните избори во земјата. Привремениот спикер Адем Микуловчи ја прекина седницата откако партиите не успеаја да номинираат кандидат кој ќе го предводи законодавниот дом. Седницата се очекува да продолжи во текот на денот.

Пратениците треба да изберат нов спикер и негови заменици со што ќе се отвори патот за претседателот Хашим Тачи да предложи мандатар кој ќе формира влада. Тачи изјави дека ќе му го даде мандатот на Рамуш Харадинај, лидерот на Алијансата за иднина на Косово и покрај шпекулациите дека тој нема да биде во можност да формира влада.

XS
SM
MD
LG