Достапни линкови

Седница на Собранието на Македонија за ребаланс на буџетот


Седница на Собранието на Македонија

Денеска во Собранието на Македонија почнува седница на која пратениците ќе расправаат за предлог ребалансот на државната каса. Претходно за ова десет дена расправаше Комисијата за финансирање и буџет. Според предвиденото, расправата за буџетот на пленарна седница трае пет дена. Со Предлогот за изменување и дополнување на буџетот за 2017 се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат финансиски средства согласно со потребите на буџетските корисници. Вкупните расходи со ребалансот на Буџетот се проектирани на 203.312.000 илјади денари, приходите на 184.745.000 илјади денари, а дефицитот 18.567.000 илјади денари.

XS
SM
MD
LG