Достапни линкови

Трамп најави нови протекционистички мерки


Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе преземе дополнителни мерки во наредниве шест месеци за заштита на домашните производители. Тој ги повтори критиките против трговските договори и практики кои, како што рече, се штетни за американските компании.

Трамп се качи во американско прортивпожарно возило паркирано зад Белата куќа, направи удар со бејзбол палка во сината соба и накратко носеше каубојски Стетсон шешир пред директорите на американските фирми од 50 сојузни држави собрани да слушнат како тој ги фали нивните производи.

Трамп зборуваше на саемот, организиран од Белата куќа со цел да ги истакне неговите напори за заживување на домашниот производствен сектор.

Наведувајќи дека американските работници, фармери и иноваторите се најдобри во светот тој рече:

„Сакам да му ветам на секој од вас: повеќе нема да дозволиме други земји да ги кршат правилата, да ги крадат нашите работни места и да го цедат нашето богатство, а тоа е исцедено, тоа е исцедено“, рече тој.

Трамп не даде детали за тоа што неговата администрација ќе стори за да ги заштити производителите, освен намалување на корпоративните такси и укинување на Обамакер:

„За навистина да напредува нашата нација ние мораме да го намалиме данокот за бизнис, еден од највисоките во светот, и мора да го укинеме убиецот на работни места Обамакер. Треба да го сториме тоа“, рече Трамп.

Притоа тој изрази надеж дека сенаторот Џон Мекејн кој е на болнички третман наскоро ќе се врати за да се одржи гласањето за укинување на Обамакер.

Овој систем за здравствена заштита воведен од претходната администрација на претседателот Барак Обама, како што рече Трамп, ќе биде заменет со подобар.

Инаку, претседателот Трамп, во говорот во Белата куќа уште еднаш се изјасни против царините на другите земји порачувајќи им на производителите да работат на „рамноправни услови“ за нивните производи.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG