Достапни линкови

Трамп: Путин би сакал да победеше Клинтон


Трамп: со Путин се согласувам многу добро
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

Трамп: со Путин се согласувам многу добро

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека многу добро се согласува со рускиот претседател Владимир Путин, но оти Путин повеќе би сакал на претсдателските избори да победеше Хилари Клинтон. Тој наведе и дека не бил запознат оти неговиот најстар син Доналд имал средба со руската адвокатка Наталија Веселницкаја за време на претседателската кампања.

Претседателот Трамп во интервју за телевизиската мрежа Си Би Ен, прво дадено по состанокот со Путин на маргините на самитот на Г20 во Хамбург минатата недела, оцени дека двајцата се согласуваат, како што рече „многу, многу добро“, но оти секој од нив го бара она што е најдобро за сопствената земја:

„Па, тој сака она што е добро за Русија и јас сакам она што е добро за Соединетите Држави. И мислам дека како во Сирија, каде што можеме да се здружиме и направиме прекин на огнот, а има и други случаи или многу други случаи каде што тоа може да биде многу позитивна работа. Но, секогаш Путин ќе ја сака Русија, а Трамп ќе ги сака САД - и тоа е така“, рече американскиот претседател.

Наведувајќи дека Америка под негово водство, бидејќи е, како што рече, „голема воена личност“, станува воено се посилна, тој додаде дека Путин би поздравил Хилари Клинтон да била избрана за американски претседател:

„Како пример. Ако Хилари победеше, нашата војска ќе беше десеткувана, а нашата енергија ќе беше многу поскапа. Тоа е она што Путин не го сака за мене, и затоа велам зошто би ме сакал, бидејќи од првиот ден сакав силна војска. Тој не сака да го види тоа. И тоа од првиот ден“, рече Трамп.

Инаку, американскиот претседател во интервју за новинската агенција Ројтерс изјави дека не бил запознат со тоа дека неговиот најстар син Доналд имал средба со руската адвокатка Наталија Веселницкаја за време на минатогодишната претседателска кампања.

Тој додаде дека за тоа дознал пред неколку денови и оти син му не направил ништо лошо.

Претходно, Трамп Јуниор обелодени мејл преписка во која се гледа дека тој се согласил да се сретне со адвокатката која била блиска на Кремљ бидејќи таа имала некаква компромитиричка информација за демократскиот кандидат Хилари Клинтон.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG