Достапни линкови

Британија и ЕУ и официјално почнуваат преговори за Брегзитот


Британскиот секретар задолжен за Брегзитот Дејвид Дејвис и неговиот колега од ЕУ Мишел Барние, Брисел, 19.06.2017.

Британија и Европската унија денеска и официјално ги отвораат преговорите на кои треба да бидат договорени условите на британското излегување од Унијата. Британскиот секретар задолжен за Брегзитот Дејвид Дејвис и неговиот колега од ЕУ Мишел Барние, како што е најавено, четири дена ќе преговараат во Брисел. Тие неформално се сретнаа во минатиот месец. Страните имаат помалку од две години да ги усогласат условите. Британија излегува од Унијата на 30 март 2019 година без оглед дали ќе постигне договор или не.

XS
SM
MD
LG