Достапни линкови

Нападнати туристи во египетското одморалиште Хургада


Илустрација-плажа во египетското одморалиште Хургада

Египетското министерство за внатрешни работи соопшти дека шест странски туристи од различни националности се повредени кога маж ги нападнал со нож во одморалиштето на Црвеното море Хургада. Од министерството информираа дека напаѓачот бил уапсен веднаш по нападот што се случил денеска. Според првичната истрага тој влегол во хотелот пливајќи од блиската плажа и ги нападнал туристите. Мотивот за нападот се уште е непознат.
Полицијата наведува и дека туристите се однесени во локалната болница, но не даваат дополнителни детали за нивната национална припадност. Според извештаите сите нападнати се жени, а египетските медиуми јавуваат непотврдени информации дека две Украинки починале од нападот. Тој се случи неколку часа откако пет египетски полицајци беа застрелани во градот Гиза.



XS
SM
MD
LG