Достапни линкови

Заев: Самитот во Трст испраќа пораки дека ќе се приближиме кон Европа


Премиерот Зоран Заев

Европската унија мора подиректно да му помогне на регионот за да се забрза неговата евроинтеграција, оцени македонскиот премиер Зоран Заев во емисијата „Окружење“ која се снима денеска на Самитот „ЕУ – Западен Балкан“ што се одржува во Трст во рамки на Берлинскиот процес.

" Премногу се чека пред вратите на Европа. Самитот во Трст испраќа пораки на охрабрување дека ќе се приближиме кон Европа и јас сметам дека тоа може да се реализира", изјави Заев. Tој потсети дека Македонија има кандидатски статус од 2005 година, но од тогаш е блокирана поради нерешеното прашање во врска со името и спорот со Грција.

Заев смета дека мора да се поттикне економскиот развој на регионот, посочувајќи оти растот не може да се сведува на 2, 3 или 4 отсто, туку мора да биде шест и повеќе проценти за да можат земјите од регионот побрзо да ги достигнат развиените држави од ЕУ за да привлечат повеќе инвеститори.

Во „Окружење“, кој е прв серијал што се емитува во земјите од регионот, покрај македонскиот премиер, учествуваат и претседателот на Владата на Албанија Еди Рама, шефот на дипломатијата на Србија Ивица Дачиќ и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Горан Свилановиќ.

XS
SM
MD
LG