Достапни линкови

ЕУ: ослободувањето на Мосул решавачка етапа против тероризмот


Ирачките сили со поддршка на САД, од октомври лани се бореа да го ослободат Мосул кој ИД го освои во 2014 година, 08.07.2017.

Европската комисија оцени дека преземањето на Мосул во Ирак од милитантите на Исламската држава претставува „решавачка фаза“ во борбата против тероризмот. Високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и комесарот задолжен за хуманитарни прашања Кристос Стилијанидес им оддадоа признаие на „народот, владата и оружените сили на Ирак, како и на воените и цивилни жртви во текот на офанзивата која доведе до победа“. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади прогласи победа над милитаните на ИД по 8 месечна офанзива за ослободување на Мосул. Ирачките сили со поддршка на САД, од октомври лани се бореа да го ослободат вториот по големина град во Ирак кој ИД го освои во 2014 година.

XS
SM
MD
LG