Достапни линкови

Земјотрес од 3,7 степени по Рихтер почуствуван во Охрид


Сеизмограм на земјотресот во регионот на Охрид.

Два земјотреси со јачина од 3,7 и 3,6 степени по Рихтер и повеќе послаби земјотреси во охридското епицентрално подрачје беа регистрирани синоќа од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, регистрирани биле и повеќе послаби земјотреси со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 кои биле почувствувани со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина 2 километри, на 14 километри североисточно од Охрид и на 8 километри источно од Косел.

XS
SM
MD
LG